|
ТАТКОВИНАТА
ПОВИКУВА
ГЛАС НА ТАТКОВИНАТА
(НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА)
|
- Фондот
е формиран на 22.01.2001 во Нисебаден, Германија, по иницијатива на
друштвото Дарданија.
- Во него членуват граѓани од Прешевско-бујановачкиот регион, но и
од Косово и Р.Македонија и поранешни активисти на НДК.
- Секој поединец мора да донира 500-1000 ДЕМ иначе со одбивање се
смета за предавник и последиците се ...
- Прилозите се собираат претежно во џамии и клубови. |
|
ГЕРМАНИЈА
|
- Во
01.2001 по затварањето на клубот Емир Дураку од германските власти,
нов центар за собирање средства станува џамијата во Дизелдорф.
- 03-04.2001 во Лундејн (Плетенбург) се собираат средства од тамошниот
регион.
- Во Леверкузен се спроведува акција на собирање средства. |
|
АВСТРИЈА
|
- Постојат
две струи; поголемиот дел е за опцијата „Голема Албанија“, додека
помалиот за „Големо Косово“.
- Постои спрега помеѓу албанската и хрватската емиграција.
- Најголема концентрација има во Линц и Велс каде во клуб на албанците
во овој град се собираат средствата.
- Парагони за упис на средства со назнака „помош за албанската национална
војска во Македонија“, се штанпани во штанпарија на албанец во Виена.
- За ефикасно собирање на средства постојат „комисии“ составени од
две лица, кој ги имаат списоците на „должниците“.
- Клубови со интензивна активност се Адем Јашари, Калаја и Џемс Белуши. |
|